Кој знае да ја игра оваа игра?

popara9 март, 20121min01
2

Ајде да играме една игра. Ти излажи ме, а јас ќе ти верувам.

После ќе се правам како ништо да не сум разбрала. А ти прави се како ништо да не се случило.

После тоа јас ќе ти вратам. Но ти нема да осетиш во почетокот.

После ќе се однесуваш студено, за да ме казниш за одмаздата…

Јас ќе те убедам неубедливо, дека се е во ред…

Ти ќе се правиш дека ми веруваш. После ќе правиш тајно што си сакаш…

Јас ќе ти демонстрирам драматично, дека јас сум жртва…

Ти ќе се обидеш да ме убедиш дека тоа е важно за тебе…

Јас ќе одрекувам до крај дека се гледам и со други. А ти дека не ми ги читаш пораките додека спијам…

Ти ќе го игнорираш моето незадоволство од начинот на твоето однесување…А јас ќе сум лажно трпелива…

Ти предлагам и да симулираме, дека сето ова се случува, зошто јас сум лошо расположена, а ти си имал лош ден…

Најпосле да се направиме пред другите, дека се е во ред и дека сме многу среќни заедно…Јас ќе ти потврдам со молчење дека се во што се сомневаш е точно…

Ти пак влези во улогата „Никогаш ништо не сме си ветиле“…А јас ќе се утешам со мислата дека никогаш не си бил само ти…

Ти ќе се увериш дека има многу други како мене. Во кулминација можеме заедно да се залажуваме, дека сето тоа нема да остави траги и дека денес е помудро од вчера.

Межеме исто така да се фатиме за рака и да се маскираме на луѓе, кои си ги решаваат проблемите и ги оставаат малите недоразбирања зад грб во името на заедничката среќа…

Ти лажи ме дека се ќе биде поинаку, а јас ќе се вклучам  правејќи се дека многу ме интересира дали ќе се смириме…

И после да почнеме од почеток…Играш или не?

One comment

  • Mari Ivanovna

    2 април, 2012 at 01:25

    Igram..:)

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma