Луѓето кои биле на плажата во Бразил брзо реагирале откако виделе дека 30 делфини заринкале покрај брегот. Благодарение на луѓето, делфините биле успешно спасени.
Еден турист го снимил целиот настан на спасувањето делфини кои заринкале на плажата северно од Рио де Жанеиро.
Делфините пливале директно кон плажата Arraial do Cabo, а веднаш потоа заринкале во песокот. Кога луѓето виделе дека делфините неможат сами да се вратат во морето, дотрчале да им помогнат. Во тоа успеале влечејќи ги за опашките и носејќи ги во подлабоко.