Да признаеш не е грешно, грешно е да замолчиш

popara9 март, 20121min00
3

Да признаеш/да ја кажеш отворено голата вистина на другите не е толку страшно, понекогаш собираш храброст, наоѓаш вистински зборови, понекогаш ситуацијата е таква и го доближува остриот раб на вистината до твоето грло и ти веќа нема каде да одиш и признаваш/ја споделуваш својата вистина.

Но колку од вас ги признаваат пред себе си своите слаби страни? Имаме ли реална представа и сомнежи за нашиот свет, душевност, карактер? И што од тоа е реално? Тоа што ние мислиме, тоа што другите мислат или од двете по малку? Познавам луѓе кои го споредуваат редовно сопственото мислење со тоа на другите, правејќи ја нивната вистина своја вистина. Марионетки.

Што е всушност она важното? Се гледаш ли себе си? Со иронија, или сериозно, со хумор, или со восхит, можеш ли да признаеш пред себеси?  Еве еден пример на брзина – девојка легнува со дечко уште на првиот состанок, а после тоа нежно и невино му вели, „ама јас не сум таква“…Да, друг пат! Вистината е дека е точно таква во моментот. Е што толку сега, нема ништо лошо да си признаеме, но не и ако толку многу ти значи мислењето на другите. Што значи дека не сакаш да прифатиш таква особина за себе, штом од тоа ти е срам и сакаш да се представиш нешто друго, нешто што ти не си, нешто што другите сакаат…За пред луѓето. А за пред себе си ти предстојат доста самоанализи. По мое мислење, за ваков случај!

Но што се случува кога квалитетот што си го препишуваме, зошто сме сакале, бидејќи ни се допаднал, се покаже дека не е дел од нас? Вистината, се разбира, рано или касно излегува на површина. Ние за жал, не се загледуваме во темнината на својата душа, не ги отвараме оние болни катчиња од страв какво чудовиште би можело да излезе од таму. Нешто повеќе – често ни е страв да си признаеме дека не сме успеале, зошто тоа го прифаќаме како срам, како нешто лошо и слично, незнаејќи дека најголемото искуство не е во успехот, а точно во неуспехот.

Не е нималку погрешно, да има нешто во тебе, што не е како што треба, што го сметаш за лошо, но е грешно да го потиснуваш се подлабоко.

Така наместо да одиш напред, се влечеш со сите сили сам себе си назад. Во молчење. Во непризнавање. Во очајот на сопсвениот свет.

Ќе молчиш ли?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag