Жената која има фобија од копчиња!

popara9 март, 20121min00
34dx2t

Лујза Френсис (30) има несекојдневна фобија. Таа се преплашува секој пат кога ќе види копче, а таа глетка неретко е причина за да избега од просторијата каде се наоѓаат копчињата. Овој тип на нарушување се нарекува кумпунофобија.

Нејзината фобија се развила кога таа имала седум години, откако претрпела голем страв играјќи си со копчиња. Од тогаш жената се плаши дури и да помисли на овие безопасни предмети.

„Едно лошо искуство поврзано со мојот страв го доживеав во продавница. Касиерката носеше џемпер со копчиња, а имаше и нараквица направена од нив. Како што нејзината рака се движеше кон моите работи кои сакав да ги купам, почнав да паничам и брзо истрчав надвор од продавницата, без своите намирници. Луѓето ме гледаа и се чудеа“, се присетила Лујза.

Лујза за себе и својата ќерка купува само облека на патенти.

„Мојот страв е ирационален. Очигледно е дека едно копче неможе да ме повреди, но неговата форма и текстура ме излудува“, објаснила таа.

Интересно е тоа дека Лујза се плаши од оние старомодни копчиња, а не и од оние металните кои најчесто ги сретнуваме на фармерките.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma