Диетата е многу ефикасна, за една седмица можете да намалите до 5 килограми. Диетата започнува со прочистување на организмот од токсините. За целта 4 лажици ориз се накиснуваат вечерта во 1 литар вода. Утрото смесата се вари 40 -60 минути на тивок оган. Добиената каша се јаде на гладно и 5 часа после тоа не се јаде и не се пие ништо. Во текот на денот храната е нормална, но сепак се препорачува ограничување на благо, мрсно и алкохол.
Другото важно правило е 5 часа пред спиење исто така не се јаде ништо, освен минерална вода. Вакво прочистување може да се прави во текот на еден месец.
Ваквиот режим може да се искомбинира или надополни со построга диета со овесни јатки. Во текот на денот наместо вообичаената храна се консумираат варени овесни јатки во умерени количини.