Шалке подготвен да го нападне и Манчестер Јунајтед

popara25 април, 20111min00
f

Фудбалерите на Шалке во вторник од 20 часот и 45 минути во Гелзенкирхен ќе го пречекаат Манчестер Јунајтед во првиот полуфинален меч од Лигата на Шампионите, а тренерите на двата тима изјавиле дека со нетрпение го очекуваат почетокот на натпреварот.

“Нема да играме на 0:0. Сакаме да победиме на овој натпревар и ќе играме како против Интер пред две недели.” – рекол тренерот на Шалке, Ралф Рангник за англискиот весник “Сан”.

Неговиот колега од клупата на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон истакнал дека ужива во вакви натпревари.

“Обожувам кога сезоната се ближи кон крајот и секој меч е од огрмоно значење. Све се случива брзо и без право на грешка, а веруваме дека на крајот ќе бидеме задоволни.” – рекол Фергусон пред англиските медиуми.

Извор: Спортнет

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma