Да „живееш“ или да „мислиш“…

popara11 март, 20121min00
2

Малку збунувачки наслов, искрено кажано и јас во моментов сум збунета…можеби повеќе од било кога, зошто нели знете…работите се натрупуваат и во еден момент ги здогледуваш.

Големото прашање…едноставно да живееш без многу да му ја мислиш, или да размислиш за се во животот пред да го направиш. Времето ги менува луѓето, ги моделира. Јас сум од вториот тип луѓе, кои многу мислат и постојано бараат смисла во се. Често се случува од многу мислење да се блокирам…и да не можам адекватно да реагирам на елементарни работи. Искрено кажано и сега се чувствувам така…се чувствувам лошо…Чувствувам како да има нешто во мене, што силно ме измачува, но неможам да кажам што. Чувствувам страв…Чувствувам празнина…скованост…Нешто ми го испило мозокот. Неколку седмици веќе размислувам на оваа тема и стигнав до изводот, дека изгледа, изгледа е подобро да престанам да мислам и да почнам да живеам како нормален човек.

Од друга страна, да бидеш нормален, те лишува од шансата да се истакнеш…остануваш во сенка. Но верувајте, нема ништо поубаво од тоа да останеш во сенка, пред да излезеш повторно на сонце…тогаш кога си апсолутно спремен да се вратиш на својот пат…оставајќи ги своите траги по патот, кој е определен за тебе…уникатен, таков како што отсекогаш и бил…

Нормален, но уникатен…Едноставно човек треба да верува во себе и да знае кога е вистинското време да ја дигне рачната . Зошто дали ќе живееш или ќе мислиш не е важно, додека го правиш она што го чувствуваш. Неможеш да избегаш од она што си. Ќе се промениш со времето, но пак нема да избегаш. Некои луѓе ќе те оценат, други нема да можат, но ќе бидеш верен на себе си, а надежта секогаш е најверниот пријател. Јас сакам…безкрајно многу во моментов…тоа го чувствувам…тоа може да ме доведе буквално до се…да биде добро или лошо…но тоа е доволно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma