Болестите на очите можат да бидат сериозен и многу непријатен проблем. Ете зошто понекогаш треба да превземеме превентивни мерки, пред да стане многу касно.
Најважните витамини за очите се А, Б и Ц. Намалувањето на видот е првиот симптом кога без одлагање треба да го зголемиме вносот на храна богата со овие витамини.
Витаминот А најмногу го има во морковите, доматите, грашокот, кромидот и марулата.
Зеленчукот, печурките и млечните производи пак се најдобриот извор на витамините од групата Б.
Кивите, лимонот, портокалите се сосема доволни за да го снабдите вашиот организам со неоходното количество од витамин Ц.
При проблеми со очите особено е полезен чајот од магдонос, како и свеж додаден на салатите. Цвеклото и морковите исто така се полезни при проблеми со очите. Тиквата е богата со кератин, поради што исто така ќе ја вклучиме во менито наменето за здрави очи.