Факт е дека на определена возраст кај дамите започнуваат да се натрупуваат масни наслаги во областа на половината и бедрата. Последното американско истражување покажало дека зголемената консумација на растителни влакна ги елиминира маснотиите натрупани на половината. Истовремено овие влакна ќе ве заштитат од натамошно натрупување на дополнителни наслаги.
Растителните влакна се група материи од растително потекло, а најпопуларни меѓу нив се целулозата, пектинот, желатинот и лигнинот.
Нерастворливите растителни влакна не можат да се преработат и се задржуваат во дигестивниот тракт, каде ги апсорбираат излишните масти и течности како последица од нивното набабрување. Истовремено тие помагаат за ефикасно елиминирање на токсините од цревата.
Затоа потрудете се да внесете колку може повеќе во својата исхрана сурови производи од растително потекло.