“Брзина, агилност и ефикасност се вообичаените атрибути на Новак Џоковиќ и Learjet. Неговата страст за победување, препознатливоста и отвореноста за комуникација се особини кои го прават да биде идеален амбасадор на брендот Learjet”, изјави Стив Ридолф, претседател на Бомбардиер компанијата, третиот производител на авиони во светот.
Токму поради тоа Џоковиќ од 18 март ќе биде дел од листата на ексклузивните амбасадори на авионите Learjet. Џоковиќ ќе се придружи на актерот Џон Траволта, архитектот Френки Гери, диригентот Валери Гергиев и пијанист Ланг Ланг.
“Голем обожавател сум на Learjet авионите веќе многу години, тие се фантастични”, изјави Џоковиќ, кој минатата година сними реклама во кој симулира дека игра тенис на крилото на авионот.
httpv://www.youtube.com/watch?v=ebBMqcjoo94