Липата е едно од најполезните растенија. Таа е богата со лековити материи, а се среќава подеднакво во медицината и козметиката. Како да ја користиме липата и кои се нејзините останати лековити својства?
Од цветовите на липата се прави чај кој помага при температура и возпаление на горните дишни патишта како што се ларингит, фарингитис и трахеобронхитис. Служи и при вртоглавица, главоболка, епилепсија, хистерија, засипнат глас. Се препорачува да се пие пред спиење.
Липовиот чај се користи и за дезинфекција на усната шуплина и грлото при воспаление. Народната медицина го препорачува чајот и како лек за изгореници и хемороиди. Освен тоа липата многу често се користи во козметиката за коса и кожа.