Како што веќе објавивме, Бритни Спирс најверојатно ќе се појави во улога на судија во американската верзија на X Factor!
Вереникот на пејачката, а воедно и ТВ агент, Џејсон Травик веќе со недели преговара со прдоукцијата, и како што веќе објавија на пејачката и се понудени 10 милиони долари, да седне на судискиот панел, заедно со Симон Ковел. Бритни и најзиниот тим, наводно и понатаму размислуваат за цена, бидејќи таа барала 16 милиони долари, што е повеќе од сумата која ја добила Кристина Агилера за својот ангажман во програмата Voice, но помалку од платата на Џенифер Лопез, која е судија на Американски идол две сезони по ред.
Соработката со Бритни е иницирана од Симон Ковел лично, додека продуцентот на оваа емисија изјавил дека преговорите со потенцијалните судии суште се во тек. Во игра е Ферги, Мараја Кери, додека Џенет Џексон одбила учество во програмата.