Илјадници машки државни службеници во Индонезија оваа недела префрлиле исплата од својата плата, на банкарските сметки на авоите сопруги. И сетоа тоа со цел да се намали бројот на неверства.
Локалната власт во индонезиска покраина Горонтало на своите вработени на почетокот на годината им ја дала оваа препорака, но не била обврзувачка. Од околу 3.200 вработени 90% не се придржувале на иницијативата која требаа да помогне во “контрола на средствата кои често се тршат на љубовниците”.
‘Мажите најчесто неможат да се контролираат особено ако во џебот имаат премногу пари’, изјави портпаролот на локалните власти Рифли Кетили.
Сигурни сме дека ова ќе ја намали можноста за љубовни афери и поткупување на семејството. Исто така, ќе им помогнат на жените на научат да управуваат со домашниот буџет, изјавил Кетили и додал дека изминатите години, многу жени се жалеле на гувернерот дека нивните мажи не сакаат да кажат колку заработуваат.