
Доколку ве интересира кој би победил во борба помеѓу Барак Обама и Сара Пејлин, сега имате начин да дознаете. Во САД започнала продажба на акциони фигури на американските политичари.
Покрај познатата политичарка Сара Пејлин, фановите по цена од 40 долари можат да купат и фигура на претседателскиот кандидат Мит Ромениј, како и американскиот претседател Барак Обама.
Американските политичари се овековечени во облик на пластични фигури кои ги произвадуваат експерти на компанијата Herobuilder, која продава различни типови на кукли.
Куклите исто така можат да повторуват некои од познатите говори на политичарите кои ги претставуваат.
Една од најпопуларните е куклата која ја претставува Сара Пејлин, која е облечена во кратка облека.
Дел од колекцијата е и американската државна секретарка Хилари Клинтон, како и актуелниот заменик-претседател Џо Бајден.
Компанијата Herobuilder била на многу насловни страни пред една година, откако по убиството на лидерот на терористичката организација Ал Каеда, Осама бин Ладен претставила фигура наречена Рамбама. Обама бил облечен во воена униформа и држел автоматска пушка.




