
Ако родителите уште како мали успеале да ве убдеат дека Бетмен е само лик од стрип и филм – сега можете да им покажете дека згрешиле. Всушност, во словачкиот град Дунајска Стреда одалечен 55 километри од Братислава живее Золтан Кохар, познат како словачки Бетмен.
Золтан тврди дека тој е таму за да го зачува редот и мирот на улиците од овој мал град, како и да и помогне на полицијата во спроведување на законот. За разлика од оној филм, овој Бетмен не го крие својот идентитет и нема батлер кој го “покрива”, сите жители знаат дека живее во еден од становите од напуштена зграда без топлина и вода, но нему тоа воопшто не му пречи – сепак тој е суперхерој.
Золтан животот го поминал на еден имот во близина на градот, а по завршувањето на училиштето работел во локалната фабрика.
Кога неодамна останал без работа, Золтан ja “пронашол својата вистинска професија”.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=Vjuf7eUxMvw