Според новата студија на истражувачите од Универзитетот Оксфорд, некои апчиња за срце можат да ги намалат расните предрасуди! Всушност, научниците имаат спроведено истражување на две големи фокус групи. Мдодека едната група земала Propranolol за срце кои содржат бета-блокатори, другите земале placebo и се покажало дека групата која земале бета блокатори станале толерантни кон другите раси.
Научниците го објаснуваат фактот дека бета-блокаторите ја забавуваат работата на срцето и срцевите отчукувања, па луѓето да се чувствуваат помалку интензивени чувствуваат страв, и од тоа заклучике дека една од причините за постоењето на расизам може да биде фактор на човечки страв.
“Нашата студија на процесите во мозокот може да не доведе до уште некои заклучоци кои би ни помогнале да сфатиме зошто настануваат предрасуди, бидејќи расни предрасуди можат да се појават и во мозокот на оние луѓе кои дури искрено вреуваат во човекова еднаквост”, објаснува д-р Силвија Тербек.