Психологот Стивен Келавеј (54) најпрво проневерил пари во бизнисот за недвижности и заработил околу еден милион фунти, а потоа ја фалсификувал својата смрт за да земе пари од животното осигурање.
Заедно со третата сопруга, Нели, направил измама и таа пријавила дека настрадал на одморот со семејството во нејзината родна Русија, каде всушност отишла да вгради силиконски гради.
Нели на надлеѓните органи им ја покажала фалсификуваната посмртница и урината со “пепел” од нејзиниот сопруг, кој за тоа време се криел во Русија и Кина и започнала постапка за наплата на осигурањето од 1,7 милиони фунти.
Меѓутоа, истрагата утврдила дека посмртницата е фалсификат, а меѓународните орргани набрзо го лоцирале Стивен во Кина. Тој бил екстрадиран во Британија во декември минатата година и штотуку е осуден на 32 месеци во затвор.
Неговата сопруга се обидела да се брани на суд тврдејќи дека мажот ја натерал да учествува во измамата, но судијата не и поверувал и одредена и е 18 месеци условна казна.