Пролетна диета за слабеење и прочистување со чај

popara12 март, 20121min00
caj

Пролетта е на прагот и треба да мислиме за фустаните што ни ги оцртуваат формите на телото. Во текот на студените месеци нашата фигура ја губи својата еластичност и сега е моментот да превземеме нешто.

Телото создава заштитен слој од масни наслаги во зима, за да не заштити од хипотермија. Тоа се нормални физиолошки процеси, на кои не можеме да се спротивставиме лесно, а и не треба.

Да ја постигнеме саканата телесна тежина има различни начини но еден од најефикасните и наједноставните е да го елиминираме благото и да пиеме квалитетен чај.

Многу е важен утринскиот чај, ја стимулира работата на цревата и има целосно влијание на организмот. Чајот ги отстранува сите штетни наталожени материи, а во таа група и маснотиите кои ги раствара.

Попладневниот чај помага за апсорбирање на храната. Затоа пијте чај секогаш пред јадење, а не после тоа. Пред секој оброк се препорачува пиење на чаша чај.

Во текот на ноќта чајот делува најинтензивно и затоа создадете навика да пиете чај секогаш пред легнување. Телото ќе реагира на ова и вие секако ќе ги почувствувате ефектите за некое време.

Чајот содржи многу витамини, минерали како цинк, фосфор, магнезиум, калиум, манган, флуор и други кои се особено важни за нормалните функции на телото. Затоа пијте многу чај и не јадете благо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag