Во сите жени има нешто заедничко…

popara12 март, 20121min00
sky

Во сите нас живее ова девојка, што изгледа и мисли и што живее вака:

Понекогаш си мислеше, дека не може баш се да биде погледнато од добрата страна.

Понекогаш забораваше на себе…

Понекогаш не престануваше да плаче со часови, ако случајно не го видеше Сонцето.

Понекогаш забораваше дека воопшто плачела…

И затоа сите ја прифаќаа…Како да ви објаснам?

Тие ја среќаваа секој ден, ја познаваа од малечка…

Мислеа дека се за неа им е познато и јасно…Но се што им остана беше таа невистина. Знаеа исто така дека таа не се интересираше од какви и да било туѓи мислења…Таа дури не се интересираше и за самата себе…

Живееше во облаците и разговараше со птиците…

Продолжуваше напред, непринудено, со детска наивност…

Продолжуваше да се надева…

И кога ќе ја отфрлеа, продолжуваше…

Продолжуваше да сака.

Дури и нешто да ја спречеше, го надминуваше и продолжуваше.

Продолжуваше да се бори.

И секој ден, секој божји ден, подарен на оваа земја, таа живееше.

И во Ништото наоѓаше причини, за да продолжи…

Да продолжи да живее.

Зошто сакаше да чувствува како дождовите капки паѓаат по лицето…

Зошто сакаше да гледа како сончевите зраци танцуваат во воздухот…Сакаше да лежи на тревата, сакаше да сака. Сакаше да живее. И живееше. Не само постоеше…Живееше!

Во сите од нас живее ова девојка, помогнете и да живее!

А сега на Вас ви оставам една задача…Зошто не можам да ги земам сите мечти и особено воздушните замоци и градовите од ветар со себе си…Ќе го пазите ли остатокот од нив, што ќе го оставам тука, Ве молам?

Ви ги доверувам целосно!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag