Бизарен случај на прислушување ни доаѓа од Пенсилванија, САД.
Локалната полиција покренала обвинение против 66 годишниот Вејн К.К. поради прислушување на сопствената сопруга.
Бизарноста не е во тоа дека ја прислушувал сопругата, туку како и зошто. Мажот поставил уред за прислушување под душекот во нејзината спална соба за да може да слуша дали таа има сексуален однос.
За да биде појасно, тие иако живеат во иста куќа се раздвоени, но не и разведени, едноставно живеат во иста куќа, а си имаат одделни приватни животи. Мажот изјавил дека му здосадило да ја слуша сопругата како гласно стенка, па одлучил да ја прислушува за да знае дали да се врати дома или не.