Велат дека годините не се оние кои ја одредуваат нашата старост, туку дека тоа е нашиот дух. Ако се чувствуваме млади ќе бидеме млади. Токму ова е максимата по која живее Дороти де Лоу, која според Гинисовата книга на рекорди е најстарата жена на светот која професионално се занимава со пинг понг.
Дороти имала дури 97 години кога го поставила Гинисовиот рекорд на Шестиот светски шампионат на ветерани во пинг понг, каде ја претставувала Австралија.
Турнирот се одржал во Рио Де Женеиро, Бразил, на 25 мај 2008 година, која Дороти и официјално станала рекордер.