Исхраната богата со риба, пилешко, овошје и зеленчук наместо црвено месо помага на луѓето да живеат подолго и ги штити од многу хронични болести, тврдат група американски диетолози.
Тие изјавуваат дека тајната на долгиот живот без болести е во намалувањето на консумација на црвено месо, кое треба да го заминиме целосно со риба и пилешко, како и нискомаслени млечни производи, зрнести култури и многу зеленчук.
Ако луѓето го намалат внесот на црвеното месо тогаш истовремено тие го намалуваат ризикот со 40% од појава на разни заболувања, потенцираат експертите. Месото е основен извор на протеини и масти но исто така е поврзано и со зголемувањето на случаите со диабет, болести на срцето и многу видови рак.
Најновите анализи покажале дека консумацијата на обработено црвено месо, како сланина, колбаси, сувомеснато и слично, многукратно го зголемува ризикот од појава на едни од најтешките болести. Но со преминување на риба и пилешко, ваквата опасност драстично се намалува.