Шведска има најголем број на бисексуалци, а први на листата најиздржливи во креветот се бразилците. Најдобрите тајни за сексот ги знаат шпанците. Врз основа на разни истражувања вака изгледа светскиот атлас на сексот.
Австрија – тука живеат најпромискуитетните мажи, во просек имаат 29 сексуални партнери во животот.
Нов Зеланд – со 20 различни партнери жените од оваа земја се најпромискуитетни во светот.
Германија – жените има замериле дека немаат пријатен мирис, затоа мажите од оваа земја имаат титула за најлоши љубовници.
Шпанија – во татковината на фламенгото живеат најжешките љубовници.
Тајланд – тие се луѓето кои најкратко водат љубов, во просек 10 минути.
Грција – според компанијата Дурекс, тука живеат најеротичните луѓе за кои сексот котира високо на листата животни приоритети.
Бразил – сексот најдолго трае токму во оваа земја, во просек 30 неверојатни минути.
Франција – магазинот Marie Claire објави еден податок дека во оргии учествувале 41% од французите.
САД – во долината Сан Фернандо се снимени дури 90% од легалните порно филмови во САД, затоа ова место го нарекуваат „Сан Порнандо“.