Питер Фацинели и Џени Гарт се разведуваат по 11 години брак. Двојката и официјално потврди дека на нивниот брак дошол крај.
„Иако и двајцата се одлучивме да ставиме крај на бракот, ние се уште ја делиме истата љубов кон нашите деца кои ќе продолжиме заедно да ги воспитуваме. Бараме приватност и почитување во текот на овој период“, изјавила двојката за Holluwood Life.
Ѕвездата од серијата Беверли Хилс имаше три ќерки со својот сопруг, се запознаа во 1996 година, а се венчаа пет години подоцна.