Еријан успал да избега од ќелијата и еден час водел љубов со пријателката од женскиот оддел.
Портланд – затворска љубов. Еријан Литалијен (23) од Портланд за секс е подготвен да направи се, дури и она невозможното. Тој успеал да ги заобиколи стражарите во затворот само за да може да има секс со пријателка од женскиот оддел во затворот.
Карла Вилсон (25) партнерката во оваа авантура, го знаела Еријен уште пред да бидат во затвот. Тие сега се нашле таму и решиле подобро да се запознаат.
Преку отворот за вентилација успеале да го договорат состанокот, а се договориле да направат трик на бравите така што тие нема да можат да се заклучат до крај, а потоа Еријен избегал од ќелијата.
Момчето успеало да ги измами и чуварите, така што креветот го стуткал за да личи дека во него некој спие. Излегол од ќелијата, ползел по ходниците се до ќелијата на Карла.
Чуварите го фатиле дури кога се враќал, а безбедносните камери покажале дека планот одлично го остварил, бидејќи во женскиот оддел поминал повеќе од еден час.