Летото се наближува и колку и да негираме, ние сепак сме вознемирени барем малку за тоа како ќе изгледаме на плажа. Нека ја започнеме пролетната промена со додавање на коктели кои помагаат за намалување на килограмите. Направете си вкусни и полезни коктели, кои ќе помогнат да се детоксицирате, а и да го зајакнете метаболизмот, пијте ги два пати на ден и ќе ги забележите резултатите!
Коктел од ананас и грјпфрут – ако сте фан на тропските коктели, овој сигурно ќе ви се допадне. Потребни ви се 4 парчиња ананас, половина грејпфрут, исецкани на ситни парчиња и една лажичка мед. Резултатот ќе е вкусен пијалок кој ќе го консумирате наутро како појадок.
Коктел од домати и боровинки – овој пијалок не само што ќе ви помогне во слабеењето но и ќе ви помогне да не чувствувате глад. Рецептата е едноставна, мешате половина чаша боровинки и половина чаша парчиња домати на што се додава лажичка мед. Коктелот го забрзува метаболизмот, а се користи наутро како замена за појадок.
Коктел од банана и круша – ослободете се од калориите, со помош на овој волшебен коктел. Потребни ви се две банани и половина чаша исецкани круши и лед. Овој коктел се препорачува како замена за вечера.
Најдобро ќе биде ако денот го започнете со коктел, ручекот да се состои од протеини ( пилешко, риба ) и свежа салата, како и ориз, а вечерата повторно коктел.