Ретката болест која ги нааѓа многу мал број луѓе во светот се чини дека Кејти Дел од Велс ја направила вистински зарабоеник во сопствената куќа.
Кејти Дел од северен Велс живее со „акватик уртикарија“, што значи дека добива осип и алергија по целото тело ако дојде во контакт со вода. Оваа 27 годишна инструкторка по танци морала да даде отказ поради тоа што и потењето почнало да и станува проблем. Сепак за цело ова време има голема поддршка од својот маж, кој дал отказ само за да биде со неа.
Докторите сметаат дека Кејти заболела по операцијата на крајници, бидејќи примила голема доза пеницилин, што довело до пореметување во нивото на хистамин во крвта. Кејти изјавила дека одтогаш се чувствува како затвореник во сопствената куќа.
„Иако, знам дека од оваа болест може да се умре не сум се предала и се надевам дека може да нјадам лек“, изјавила Кејти.