Името на диетата произлегува од едноименото шоу кое беше емитувано по американскиот канал NBC , каде учесниците се придржуваат на ваквиот режим на исхрана и пред очите на јавноста слабеат.
Диетата представува нискокалоричен диетален план, кој се базира на следнава пирамида:
– 4 порции овошје и зеленчук,
– 3 порци белковини,
– 2 порции полнозрнеста храна
Оваа диета од вас бара да се храните често нона мали порции од храната што е во дозволениот список. Освен тоа се препорачува редовна физичка активност најмалку 30 мин дневно и консумација на 1,5 – 2 литри вода.
Секој оброк треба да изгледа вака: 45% јаглехидрати, 30% белковини и 25% масти. Што значи дека оброкот треба да содржи протеини кои треба да бидат од следнниве извори: бело месо варено, белка од јајце, риба, кисело млеко, млеко и јогурт, како и сирење моцарела.
Јаглехидратите ги добивате со внесот на овошје и полнозрнеста храна. Сите други извори на јаглехидрати се забранети. Мастите ги има и во месото, а дополнително ќе додадете и на салатите растително масло како маслиново, ленено, од гроздови семки или пак масло од тиква.