Оваа година, Босна и Херцеговина ќе ја претставува Маја Сар со песната “Korake ti znam”.
Маја ја напишала музиката и текстот за песната “Korake ti znam”, а аранжманот го направил нејзиниот сопруг, познатиот продуцент Махир Сарихоџиќ.
-Песната е карактерно блиска до мене и мојот снезибилитет и во пресрет на она што досега го работевме. Ексклузивитет за песната е она што коаранжерот ќе биде еден од водечките луѓе на италијанскиот Сан Ремо, продуцентот Адријано Пенино. Ќе се потрудиме достојно да ја претставиме нашата земја на овој шрестижен натпервар, открила Маја.
http://www.youtube.com/watch?v=B6BDD_lNRnI&feature=player_embedded