Веста за разводот на британскиот престолонаследник и негова партнерка со која се ожени во 2005 година, треба да ја примите со голема доза на резерва, бидејќи и минатата година се пишуваше за брачниот бродолом.
Принцот Чарлс и Камила Паркер Боулс се разведуваат, оваа вест ја дознаваме од британскиот таблоид “Gloub”.
“Gloub” наведува дека до развод дошло поради расправиите помеѓу Камила и нејзината свекрва, британската кралица Елизабета II.
-Според нашите информации, кралицата Елизабета стои поради овој развод, кој се држи во строга тајност, истакнува британскиот таблоид, додавајќи дека сопружниците водат немилосрдна битка околу имотот на Чарлс кој се проценува на 300 милиони долари.
Според пишувањето на магазинот, разводот е причина за тоа што Чарлс и Камила повеќе не се појавуваат заедно во јавноста и покрај големиот број обврски.
Чарлс и Камила се ванчаа по 25 години долга и тајна врска. Извори блиски на дворецот тврдат дека кралицата никогаш не ја прифатила втората сопруга на Чарлс.
One comment
marina
17 март, 2012 at 10:59
aman veke ovi vo britanija samo skandali se polni