Испратила погрешна порака на вистинскиот човек!

popara17 март, 20121min00
sms

Петнаесет годишна девојка од Арканзас била приведена во полициската станица откако “направила фора” со застрашувачка СМС порака која ја испратила на непознат телефонски број.

“Го сокрив трупот, што сега?”. Ова е пораката што ја напишала една тинејџерка, која требала да го вознемири лицето, чиј број по случаен избор го отчукала во телефонот.

О сите комбинации и броеви на телефони кои можела да ги внесе, девојката успеала да ја испрати пораката на полицаец.

Наместо да добие одговор или загрижен повик од личноста на која и стигнало информацијата за “некој труп”, па таа слатко да се изнасмее, таа добила полициска патрола на вратата.

Тинејџерката е приведена во станица каде признала дека само сакала да се пошегува и набрзо е пуштена со опомена.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma