Американецот Том Вилис (53) е роден без раце и покрај неговиот инвалитет имал желба да ги нахрани жирафите. Поради тоа што неговиот инвалитет тоа не го дозволува, Вилис се сетил дека може со прстите на стапалата да ги нахрани жирафите, а фотографиите од неговиот сон го обиколија светот.
“За два долари можете да добиете три бисквити за хранење жирафи и секогаш гледав во зоолошката градина како луѓето ги хранат животните. Отсекогаш сум сакал тоа да го направам, но најмногу се концентрирав на тоа како би можеле тие да реагираат”, изјавил Вилис.
Вилис ги нахранил жирафите со стапалата во најпознатата зоолошка градина на светот која воедно е и најголема, зоолошката градина Сан Диего.
Американецот кој ги храни кучињата со нозете вели дека се плашел од тоа како животните ќе реагираат, бидејќи кога обично ќе ја подигнете ногата, животните мислат дека ќе ги удрите. Вилис вели дека само женките од жирафите прифатиле да бидат нахранети со неговите нозе.