Измамен италијанец бара отштета од љубовникот на неговата жена!:)

popara18 март, 20121min00
neverstvo-

Еден италијанец го тужел на суд љубовникот на неговата жена од кој бара 600.000 евра за за “морална штета” предизвикана со неверство.

“Оштетениот” италијанец, кој е воен офицер, бара 200.000 евра за себе, а 400.000 за своите две деца, 14 годишната ќерка и 10 годишен син.

Според обвинувањето на “оштетениот”, чие име не е објавено, аферата на неговата 39- годишна жена кај неа предизвикала развој на “опсесивно однесување што предизвика уништување на семејниот живот и нејзиниот одбегнување на нејзините брачни должности”.

Изневереиот сопруг, исто така наведува дека аферата кај него предизвикала депресија. тој има и поднесено медицински документ.

Наводниот љубовник, 39-годишен агент за осигурување од Перџуа, инсистира дека тој е само добар пријател со неговата жена, која е наставничка и живее со сопругот во гратчето Сполет.

“Тој негира дека и бил љубовник. Дури и ако е тоа вистина, сметаме дека таа може да води љубов со кого сака, без оглед што таа личност е во брак, сама или разведена”, изјавил адвокатот на обвинетиот Марко Бруски.

Тој нагласил дека неверството може некогаш било кривично дело во Италија, но тоа веќе не е така “бидејќи не постои закон со кој е забрането човек да отиде во кревет со сопруга на друг човек”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag