Французите дефинитивно се мајстори кога станува збор за уредување на просторот со елеганција и вкус, а уште еден доказ за тоа е кафулето во L’Hôtel de Vendôme, кое се наоѓа во Париз.
Прекрасниот ентериер на кафулето ја отсликува убавината и романтиката кои се карактеристични за француската престолнина, па затоа е едно од најпопуларните места каде секојдневно се собира париската елита, било да станува збор за пробување на скапи француски вина или пак уживање во прекрасните и вкусни десерти на Лук Дебов, главниот готвач на хотелот.
Ние може само да ве „почастиме“ со фотографии од самото кафуле, а вие, доколку наскоро одите во Париз, може да го посетите и да не заборавите да ни донесете некој десерт: