Лесно е да се каже, дека откако човекот, кого долго време сме го сметале за мажот на својот живот, си заминал од нас, треба да ја свртиме страната, да го пречкртаме минатото и да гледаме само напред. На теорија е лесно, да!
Во реалноста, разделбата е една мала смрт, што треба да ја поднесеме со достоинство, колку и да е тешко тоа, правејќи го своето сентиментално паѓање победа над нас самите.
За жал, и покрај тоа што тој си заминал засекогаш, на нас ни е невозможно да престанеме да мислиме за него. Барем не во почетокот.
Оставената жена се обидува несвесно да се врати назад во времето, за да го намали шокот од разделбата, што не сака да ја прифати како реална.
Не барајте веднаш утеха во прегратките на друг. Се разбира не можеме веднаш да заборавиме на убавите денови, но откако ќе помине најтешкото, здравиот разум ни диктира да ги заклучиме спомените и да си забраниме да ги повториме направените до сега грешки, но без да страдаме, поради нив – што било било.
Дали бегството од осаменоста во нечии други прегратки е најнормалниот излез? Да, така сметаат психолозите, но не веднаш. Па затоа почекајте малку – од 3 до 5 месеци е разумниот рок, во кој ќе имате време да размислите и да погледнете наоколу.
Немојте да отидете во нечиј кревет само за да го направите бившиот љубоморен, нема да успеете. Барајте замена, зошто тоа ќе ви помогне да ја вратите емоционалната стабилност, увереноста во себе и душевниот мир, но без да дозволите да ве завладее желбата за одмазда.
Зошто да ја насочите својата омраза кон бившиот значи пред се дека сеуште не сте се ослободиле од емоционалната зависност кон него.
А тоа ќе се случи кога трезвено ќе размислиме за причините за неуспехот. Само тогаш ќе почнеме да излегуваме од емоционалното дно, кое сме го достигнале и на крај ќе излеземе од мачната разделба посилни и позрели како личности. За да почнете нова врска, треба да сте сосема ослободени од минатото. И она што сте го научиле во минатото, не заборавајте да го примените сега, извлечете поука од се она што се случувало, бидејќи верувале или не, се што ни се случува во животот е за наше добро.