Ма Лјенгшуеј е еден од 30 милиони жители во најнаселената земја во светот кој живее во пештера.
Верувале или не, 30 милиони кинези живеат во пештери, повеќето во провинцијата Шанкси. Ма има 76 години а цел својот живот го поминал во пештера и не планира да си замине од таму. Тој живее во еднособна пештера и иако неговиот син и снаата го напуштиле и заминале да живеат во град тој не планира да се пресели никогаш.
„Се родив во пештера, туку и ќе умрам. Цел живот живеам тука и неможам да замислам друго место. Животот овде е лесен и удобен“, изјавил тој.
Инаку, во последните неколку години архитектите ги унапредиле пештерските градби во еколошка смисла. Еден од нив е Лју Џапинг директор на Зелениот архитектонски истражувачки центар кој помогнал да се развијат модерни пештери и смислил нов дизајн со две нивоа.
Пештерите имаат голема и важна улога во историјата на Кина. Во текот на 1930-тите во нив се криеле комунисти меѓу кои и Мао Це Тунг.