Пред само два месеци пејачката Бијонсе роди девојче, Блу Ајви Картер, а веќе најавува три настапи во мај во Атлантик Сити. Бијонсе ќе настапи на отварањето на новиот центар за одмор и забава Revel Resorts на 25, 26 и 27 мај.
Трите настапи во казино комплексот чинат 2,4 милијарди долари и ќе бидат нејзините први концерти од август 2011, кога настапи во Roseland Ballroom во Њујорк.
Претходно овој месец исто така е објавено дека Бијонсе договорила настап во мјузиклот “One Hit Wonders”кој го режира Рајан Марфи, креатор на серијата “Glee”. На познатата пејачка на филмското платно исто така ќе и се придружи Камерон Дијаз, Гвинет Палтроу и Рис Витерспун.