Секогаш има избор! И многу алтернативи…

popara21 март, 20121min00
bb

Едени од најубавите моменти во животот се оние, во кои успеваш да застанеш за кратко, да се погледнеш и да сватиш колку многу шанси имаш. А многу всушност се повеќе од една. Тогаш шансите преминуваат во дилема.

А колку често, минуваме низ вакви фази, мислејќи дека немаме кој знае каков избор, дека работите се такви какви што се, но дека следниот пат ќе биде поинаку…

Речиси секогаш, кога ќе си ветиме за следниот пат, таков едноставно нема!

Ситуациите во кои ќе се најдеме секогаш се различни. Оние кои не се менуваат и прават едни и исти глупости сме ние. Поради простата причина што не ги гледаме алтернативите. Тоа се оние што не прават космополитни, хармонични, способноста да се гледаме себеси во различни варијанти.

Секогаш имаме избор. Она што е тешко е да се исправиме пред стравот. Тешка е промената. Тешка е смелоста. А кога на крај ќе се одлучиме, алтернативите стануваат дел од нас и невозможните работи стануваат возможни.

Нема ништо лошо да мислиме неколку чекори понапред. Неколку мечти понапред. Неколку метаморфози понапред. Да се проектираме себе си во – следниот пат е излишно, зошто следниот пат треба да биде сегашниот. И треба да го грабнеме и да го направиме идното во сегашно, зошто единственото, што не е во изобилие на овој свет, тоа е времето. И треба да го искористиме.

Ви посакувам магијата на животот да ви ги оствари сите желби. Да ја имате смелостта да скокнете еден чекор нагоре и да ја погледнете целата слика и сите возможни патишта. Зошто само тогаш сте вистински слободни.

Можев да ви го кажам ова следниот пат. Но направив следниот пат, да биде сега, не неопределено некогаш…И чувството е прекрасно.

Сакајте се себе си и животот и тој секогаш ќе ви ги испраќа оние, кои ќе ве сакаат!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag