Со сите карти на маса нема игра!

popara21 март, 20121min00
21

Точно е дека сите претендираат како се сосема природни, дека секогаш го велат она што го мислат, дека мразат лицемери, дека не глумат…Ова е една голема лага!

Животот е сцена, ние сме актери, публиката се менува, нејзините  вкусови исто. Да бидеш вистински одамна преминало во самозаблуда.

Никој не не познава сосема, зошто никогаш нема да дозволиме. Тајната соба е полна со заклучени кутии, во кои ги чуваме највалканите мисли, потиснатите желби, најгрозните димензии на душата. Тие секогаш ќе останат табу за светот. Зошто така само можеме да опстанеме.

Ако сите карти се на масата, нема да има игра. Нема да има и играчи. А тогаш нема да има смисла.

Колку е ужасно во секој еден момент сите да знаат што мислиме, што ни треба и што планираме да направиме?!

Не сакам со ова да кажам дека се треба да се крие и потиска. Нека луѓето не познаваат, нека познаваат различни страни од нас, нека не видат во различна светлина. Ако посакаме нека разберат дека сме слаби и силни, грешни и глупави, завидливи, суетни и смели…Но секогаш треба да имаме еден џокер во ракавот, една маска повеќе.

Душата без шминка не припаѓа на никого и никој не треба да ја гледа целата. Зошто магијата ќе се расипе и представата ќе заврши.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag