На девојчиња на возраст од десет години газдите на борделите им даваат животински хормони само за да имаат поголеми облини и да привлекуваат повеќе муштерии.
Тинејџерките во борделите во Бангладеш пијат хормони за животни за да добијат поголеми облини.
Поради сиромаштијата многу семејства ги продаваат девојчињата како сексуални робинки за 200 долари. Бидејќи поголемиот дел од девојчињата се неухранети и слаби, газдите на борделите им даваат хормони за да изгледаат попривлечно.
Инаку, сексот со малолетна проститутка чини околу 60 центи до еден долар.
„Голема е разликата кога бев слаба и сега. Сега можам да услужам и повеќе од 15 муштерии на ден и да заработам пари“, изјавила Хаши, девојче кое има 10 години.