Термогена храна се нарекува онаа, чие што варење бара максимална енергија пресметана во калории. Некои од најефикасните термогени храни се протеините, како пилешко месо, мисиркино, риба и белки од јајца. Лутите пиперки, сенфот, јаболковиот оцет, зелката, брокулите и циметот исто имаат вакви својства, односно го засилуваат метаболизмот и како последица масните наслаги намалуваат и не се создаваат нови.
Храна со низок гликемичен индекс. Храната со висок индекс треба да се избегнува, а тука припаѓаат лебот, пециво, тестенини, благо и грицки. Полнозрнестата храна има низок индекс и таа се препорачува. Истото се однесува и за овошјето и зеленчукот. Диетолозите препорачуваат по 5 порции дневно овошје и зеленчук, за да се снабдите со доволно растителни влакна.
Секако еден од основните услови е пиењето по 8 чаши вода на ден. Без ова процесот на разградување на мастите ќе се одвива многу побавно, а кожата ќе биде сува и со лош изглед.
Исто така не треба да заборавите и на растителните влакна. Тие го подобруваат варењето на храната, го забрзуваат метаболизмот и бараат исто како и протеините многу енергија при нивното варење. Она што треба да го сторите е да ги вклучите овие видови храна во секојдневната исхрана, а другите да ги намалите или сосема исфрлите.