Кој сака секси наставничка?! Мајките на децата сигурно не! :)))

popara21 март, 20121min00
tv679

Италијнаските мајки ги отпишуваат децата од градинка бидејќи  нивната наставничка Микела Рот се сликала полугола за еден календар.

Мајките на децата кои одат во градинката во местото Кастело ди Серавале  кај Болоња почнале да ги отпишуваат децата од градинката поради  нивната наставничка. Таа неодамна се сликала полугола за календарот на компанијата Харли Дејвидсон. Наставничката позирала во провиден долен веш, а мајките на децата збеснале и во знак на протест решиле да ги отпишат децата.

„Премногу е привлечна и нападна и затоа несакам да го воспитува мојот син“, изјавила една од мајките за локалните медиуми.

Наставничката Рот, која е родена во Америка, но веќе 10 години живее во Италија, изјавила дека со години работи како модел и дека тоа и е дополнителна работа. Додала дека оваа реакција од мајките не ја изненадила.

„Моите фотоси за магазини, календари се дополнителен извор на приходи. Не се сликам гола, ја сакама оваа професија колку што сакам да бидам и  наставничка. Мислам дека тука постои и одредена доза на завист, која сега ги надмина сите мерки. Како што има мајки на кои им сметам, има и такви кои ми велат дека децата едвај чекаат да дојдат во градинка“, изјавила Микела.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma