Сараево деновиве беше шокирано од грозоморното злосторство над животните. Еден граѓанин и негов пријател буквално соѕидале две кучиња, а ги спасиле станарите од зградата откако слушнале лаење.
Овој ужасен настан се случил во петокот кога една жена од Сараево прва забележала дека двајца мажи ѕидаат дупка во која се криеле кучиња. Таа инаку ги хранела секој ден кучињата и кога ги прашала двајцата мажи каде се кучињата тие и одговориле дека ги избркале.
Дестина часа по средбата со сторителите, таа го слушнала лаењето на кучињата од дупката и со помош на неколку пријатели успеале да го пробијат соѕиданиот ѕид и да ги спасат кучињата.
Ослободените кучиња биле жедни, гладни, покриени со бетон и земја, но сепак собрале сила и побегнале од местото на злочинот, кое инаку до тога било нивно прибежиште.