Во главниот град на Србија, Белград, пред неколку дена е отворена првата агенција за изнајмување на мажи.
Идејата за која долги години се размислувало, ја реализирал Ненад Праменковиќ од Белград.
„Во брак сум од својата 21 година. Размислувајќи за своите проблеми, одлучив да го направам ова. Жената готви, но несака да готви, мажот треба да смени гумичка на славината, но незнае, па го вика комшијата“, изјавил тој.
Заинтересираните може да изнајмат маж готвач, маж мајстор, пријател за шопинг, за излегување итн..
Агенцијата има голема понуда на мажи од 19 до 60 години.