Во магазинот „ Circulation“ објавено беше дека мажите кои често пијат сокови со шеќер имаат 20% поголем ризик од срцево заболување.
Истражувањето било спроведено во САД, а траело цели 22 години, во него учествувале мажи, пред се белци на возраст од 40 до 75 години.
Реткото консумирање на овие пијалоци како на пример два пати неделно, не е поврзано со ризикот од срцеви заболувања, а истото важи и за алкохолните пијалоци и соковите со вештачки засладувачи.
Било забележано дека мажите кои секојдневно ги пијат соковите со шеќер имаат промени во показателите за срцеви заболувања, како и зголемено ниво на тригилицериди и реактивни протеини во крвта, како и ниска вредност на заштитниот ХДЛ холестерол.