Сладолед торта со чоколадо

popara23 март, 20121min00
sladoled

1250 мл. млеко

200 гр. шеќер

20 гр. желатин

50 гр. ванилин шеќер

600 гр. шлаг

150 гр. чоколадни наполитанки

300 гр. Милка чоколада со топен лешник

150 гр. мелена плазма

200 гр. мелени лешници

Припрема:

Одвојте 150 мл. млеко и во него ставете го желатинот, добро промешајте и пставете да отстои 15 минути. Во 600 мл. млеко додадете го шеќерот и ванилиниот шеќер, пуштете ја смесата да зоврие, додадете го млекото со желатинот и гответе уште 10 минути, па оставете ја смесата целосно да се излади во фрижидер.

Во поголем сад ставете го изладеното млеко и лажица по лажица додадете 350 гр. шлаг и матете 20 минути. Истопете ја милка чоколадата без вода на пареа и полека додадете ја во смесата со млеко и шлаг, промешајте и поделете ја смесата на три дела.

Во едниот дел додадете ги измелените наполитанки, во другиот мелените лешници, а во третиот мелената плазма.

Калапот за печење обложете го со фолија, потоа сипајте го прво делот со лешници, па делот со плазма и на крајот делот со наполитанки. Ставете ја тортата во фрижидер.

Утредента свртете ја тортата на чинија и украсете ја со преостанатиот шлаг кој сте го изматиле со 500 мл. млеко. Украсете ја тортата по желба. Добар апетит!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag