Ричард Зорге

slobodan28 јули, 20101min00
Richard Sorge

Роден во Кабу, Азербеџан, на 4 октомври 1895 година. Егзекутиран на 7 ноември 1944 година во Јапонија.Остатоците му се вo Токио, Јапонија. Националност – Русин, професија – новинар и шпион. Леополд Трепер, шеф на Црвениот оркестар, се присетува на разговорот што го имал со генералот Томинага, кој бил јапонски заменик министер за одбрана за време на Втората светска војна: “Зошто беше Зорге осуден на смрт на крајот на 1941 година, а за неговата егзекуција се чекаше до ноември во 1944 година? Зошто не беше предложена размена на затвореници? Јапонија и СССР не беа во војна”. Тој отсечно одговорил, три пати било предложено до Советската амбасада во Токио дека лицето Зорге може да биде разменето со јапонски затвореник во Русија. Три пати имало ист одговор: “Човекот наречен Зорге за нас е непозната личност”. Непознат? Човекот кој ја предупреди Русија за германскиот напад и кој објави во средина на битката во Москва дека Јапонија нема да го нападне Советскиот Сојуз, со што се овозможи руските шефови да донесат нови трупи од Сибир?
Тие едноставно претпочитаа Зорге да биде погубен, наместо да имаат уште еден проблематичен сведок после војната. Се верува дека брилијантната шпионажа на Ричард Зорге го спаси Сталин и Советскиот Сојуз од пораз есента во 1941 година и се спречи нацистичката победа.Краткиот осврт на животот на Зорге.Брзо по неговото раѓање во 1898 година, семејството се преселува во Германија.
Со избувнувањето на Првата Светска војна се приклучи на германската армија. Во јуни 1915 година беше префрлен на Источниот фронт. Бил храбар војник и му бил доделен железен крст. Во март 1916 година, Зорге беше ранет и двете нозе му беа скршени.
Додека бил во болница започнал врска со една од медицинските сестри и во текот на наредните неколку месеци често се состанувал и бил под влијание на нејзиниот марксистички ориентиран татко. Бидејќи не можел да закрепне брзо и да се врати на фронтот, му било дозволено да учи на универзитетот во Берлин. И подоцна не само што учел, туку заземал големо учество во организирањето на револуционерно движење. Во 1919 година, Зорге беше порано пуштен од армијата и се префрла со студии на универзитетот во Кил. Се приклучува на новоформираната германска комунистичка партија. По напуштањето на универзитетот работел како новинар и во април 1925 година се преселува во Советскиот Сојуз, каде започнал да работи за коминтерната разузнавачка дивизија. Зорге бил регрутиран како шпион за Советскиот Сојуз и користејќи ја маската на новинар бил испраќан во многу европски држави, за да ја процени можноста за настанување на комунистички востанија. Во 1929 година пристигнал во Англија, каде требало да го простудира работничкото движење, статусот на комунистичката партија и политичките и економските услови во Британија. Му било наложено да остане во тајност и да не се вклучува во никакви политики додека живее во Англија. Во ноември 1929 година се вратил во Германија, каде му било наредено да се приклучи во нацистичката партија и да не учествува во ниедни левичарски активности. За успешно да го прикрива својот идентитет и операции, започнува да работи во еден германски весник. Потоа се преселува во Кина и стапува во контакт со друг шпион, Макс Клаусен. Исто така, се запознава со левоориентираната новинарка што работи за весник во Франкфурт, која го запознава со Озаки Хотсуми кој бил вработен во јапонски весник. Подоцна Хотсуми се согласува да пристапи во мрежата за шпионирање на Зорге. Како новинар, Зорге бил експерт за земјоделие, што му дало слобода да патува низ земјата и да остварува многубројни контакти со членови на комунистичката партија. Во мај 1933 година, Советскиот сојуз реши да го прати Зорге да организира шпионска мрежа во Јапонија. Зорге пристигна во Јапонија во септември, 1933 година. Тој бил предупреден од неговиот шпионски учител да нема контакти со подземните лица на комунистичката јапонска партија, ниту пак со амбасадата на Советскиот сојуз во Токио. Неговата шпионска мрежа во Јапонија ја сочинуваа Макс Клаусе, Озаки Хотсуми, Бранко Вукелиќ – новинар во француски магазин и Мијаги Јотоку – јапонски новинар, вработен во весник на англиски јазик. Зорге доста брзо развил контакти со неколку важни лица кои работат во германската амбасада во Токио, како Еуген Од и германскиот амбасадор Херберт Фон Дирксен. Тоа му овозможило да ги дознае информациите за намерите на Германија кон Советскиот Сојуз. Останатите шпиони имале пристап до високи јапонски функционери, вклучувајќи го и премиерот Фумимаро Коноје, со што биле во можност да добиваат информации за надворешната политика на Јапонија. Како резултат од информациите акумулирани од страна на мрежата на Зорге, истиот тој бил во состојба да му ги дава на Џозеф Сталин. Предупредување за Антикоминтерниот пакт во 1936 година, Германско-јапонскиот пакт во 1940 година и Јапонскиот напад на Перл Харбор. Негово најголемо достигнување беше да се информира Советскиот Сојуз во декември 1940 за предложената операција “Барбароса”. И покрај напорите на Зорге, Сталин не верувал дека германската армија ќе нападне во тоа време и не ја преземал потребната активност. На крајот од август 1941 година, Зорге бил во можност и му кажал на Сталин дека Јапонија нема да го нападне Советскиот сојуз таа година. Два месеци подоцна, Зорге беше уапсен во Токио и држен во затвор три години. Јапонците најпрвин веруваа дека е шпион испратен од Германија, бидејќи тој под измачување и тортура од страна на војниците не признавал било какви конекции со СССР. Советскиот Сојуз неколкупати одбил да го размени за јапонски воени затвореници во Русија и тој беше погубен – обесен на 7 ноември, 1944 година. Ричард Зорге беше признат од Русија дури во 1964 година, прогласен за херој кој служел на земјата и за да го обележи неговото дело, Русија издаде поштенска марка со неговиот лик.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag