Жените кои се ограничуваат во консумацијата на јагнешко и телешко месо во својата исхрана или диетите многу повеќе страдаат од депресија, покажа новото научно истражување.
Научниците признаваат дека се изненадени од откритието, зошто многу други истражувања претходно го поврзуваа црвеното месо со ризици по здравјето.
„Во почетокот сметавме дека црвеното месо не е полезно за умственото здравје, но се докажа дека тоа можеби е многу важно. Кога ги прегледавме жените кои консумираат помалку од препорачаната дневна количина, утврдивме дека тие се изложени на два пати поголема опасност од депресија или анксиозност за разлика од жените кои редовно јадат црвено месо.”
Експертите препорачуваат консумација на не повеќе од 70 грама црвено месо на ден.