Акапулко- Незаборавен одмор во секој поглед…

popara26 март, 20123min00
1 (10)

Акапулко е еден од највозбудливите градови на светот, а својата популарност ја има стекнато од 50- те години на минатиот век, кога го откриле американски туристи.

Познат е по својот богат ноќен живот, преубавите песочни плажи, неограничените можности за бавење со спортски активности, првокласните хотели и бреговите кои одземаат здив. Само што ќе зајде сонцето, чудесниот ноќен живот, оживува…

Овој мексикански град го прославиле американски ѕвезди како Френк  Синатра, Елвис Присли и Џуди Гарланд, како и американскиот претседател Џон Кенеди кои летувале во ова прекрасно место. Ако сте љубител на спортските активности, тогаш, сигурно ќе уживате, а ништо не е повозбудливо од џет- ски и возењето со полна брзина низ бреговите на Акапулко. Со повеќето водени спортови можете да се бавите директно од плажите кои ги има во огромен број.

Градот во кој живеат половина милион жители, сместен е на тесниот појас пред морето, а од внатрешноста на морето го делат две високи планини кои од две страни го заокружуваат заливот. Погледот кон природните убавини, од било која точка… е неверојатен !!!

Акапулко беше главна телевизиска атракција во времето кога кулминираа мексиканските сапуници… Може да биде Ваша реалност, а има и зошто…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag