Мистеријата Стоунхенџ

slobodan28 јули, 20101min00
stounhendz

Стоунхенџ е мегалитски споменик во Салисбери, во Јужниот дел на Англија, составен од триесет исправени камења (секој висок над 4 метри и тежок 26 тони), подредени во круг, и врз нив хоризонтално подредени камења (секој по 6 тони). Исто така постои внатрешен круг составен од слични камења. Стоунхенџ е подигнат многу милји подалеку од каменоломот од кој потекнуваат камењата. Се претпоставува дека бил изграден пред помеѓу 5000 и 3000 години. Стоунхенџ е поставен така што изгревањето на сонцето над хоризонтот изгледа совршено помеѓу празнините на камењата. Ова сигурно не е случајно, и веројатно придонело за приказните за неговото мистериозно потекло. Џералд Хокинс, професор по астрономија, заклучил дека Стоунхенџ бил софистицирана астрономска опсерваторија, креирана за предвидување на астрономски појави како краткодневница и долгодневница, како и затемнување на сонцето. Позицијата на камењата дава многу информации. Хокинс ги разгледувал сите насоки на одредени парови од камењата на споменикот, а потоа со помош на компјутери, меѓу нив ги барал оние кои имаат астрономски контекст. Поточно, тој барал насоки кои се однесуваат на точките на изгревање и заоѓање на сонцето, месечината, планетите и некои ѕвезди. Хокинс не пронашол никакви правци кои укажуваат на изгревањето и заоѓањето на ѕвездите и планетите, но констатирал 10 правци кои укажуваат на важни точки поврзани со положбата на сонцето на хоризонтот во текот на годината. За месечината пронашол 14 такви правци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag